Македонија
8. October 2015 - 21:05

Полициска акција за сузбивање на организирано лихварство, изнуда, криумчарње. приведен и претседателот на судот во Kуманово

УДАР на МВР  стави зад решетки 11 членови на кирминалното подземје. Функционирајки како група која вршела изнуди, лихварство, продавале дрога и оружје а криумчареле и мигранти. Главен на групата бил 48 годишник од Студеничани, помогнат од 55 годишен пријател од Арачиново и неговите тројца синови. Во акцијата падна и претседателот на судот од Куманово. Му дале 19 илјади евра за да ослободи осуден за извршено убиство од затвор. Бројот на жртвите на оваа група според полицијата е голем. Им давале пари на заем, а потоа со закани по животот напалаќале огромна камата.

Обвинителството до судијата на претходна постапка поднело предлог за определување на мерка притвор за сите осомничени. Утрово судскиот совет постапувајки по случајот веќе го одзел имунитетот на претседателот на судот од Куманово.

При претресите извршени во 6 објекти во Скопје, полицијата пронашла и два џипа, и два автомобили кои веројатно биле земени како залог. Запленети се и 2550 евра, 200 франци, 14 мобилни телефони, нотарски договори, договори за купопродажба и изјави од лицата кои биле нивни жртви. Бројот на осомничени се очекува да биде зголемен. Полицјата се уште проверува дали претседателот на кумановскиот суд имал поддршка и од неговите колеги при вршењето на делото злоупотреба на службената положба.