Македонија
30. May 2018 - 11:06

Полициска акција во тетовско, еве што пронајдоа при претрес на куќа во Џепчиште

Вчера во 16,00 часот во с.Џепчиште-тетовско, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по наредба за претрес од Основен Суд-Тетово, бил извршен претрес во домот на А. С. (61), при што пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје.

А.С. бил лишен од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок.