Балкан
16. October 2017 - 9:52

Полициска акција во куќата на сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ

Хрватската политица утрово, во рамки на акцијата „Агрокор“, изврши претрес во „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на концернот „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

Не е познато дали во куќата имало некој од семејството Тодориќ, кои до неодамна живееја на оваа адреса.

Според дел од хрватските медиуми, Тодоровиќ и неговите синови не се во Хрватска.

Утрово во „Кулмеровата палата“ пристигнале и адвокатите на Тодориќ, Чедо Продановиќ и Јадранка Слоковиќ.

Полицијата пристигнала со три возила, а како што известуваат медиумите, истовремено отишла и во куќата на Ивица Црнац, поранешен финансиски директор на „Агрокор“.

Се претпоставува дека на списокот за претрес се и домовите на останатите директори на „Агрокор“ и дека со полициската акција би можело да бидат опфатени од 10 до 15 лица.

Владиниот повереник за „Агрокор“ Анте Рамљак минатата недела поднесе кривична пријава против одговорните во оваа компанија поради неправилности во работењето, утврдени со ревизијата на финансискиот извештај.

Ивица Тодориќ веднаш потоа објави дека ниту едно евро не е отуѓено или скриено.