Свет
25. April 2018 - 18:51

Полициска акција во хотел, 25 туристи уапсени поради оргии – полицијата снимила сè

Полицијата спровела акција во еден хотел во Тајланд при што уапсени се 11 мажи и 14 жени кои имале оргии за време на упадот на полицијата.

Откако гости од хотелот птијавиле во полиција што се случува, следувала акцијата, а екипата од 25 лица била фатена во разни пози, а на сите страни имало презервативи и секс играчки.

Уапсените се туристи од Америка, Канада, Кина, Малезија, Сингапур, Германија, Камбоџа, Индија, Украина и Австралија.

Оргиите наводно ги организирал сопственикот на хотелот, а туристите и проститутките ги споил преку Фејсбук.

Според пишувањата на медиумите поради организирање на оргии бил уапсен Ентони Верлуп (61) од Холандија и Тајланѓанката Каникар Канкхаи (42). Влезницата била 60 евра по лице.