Македонија
12. May 2019 - 11:16

Полициска акција спроведена во Скопје: Одземени шест мотоцикли

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на синоќа во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по прекршоци што ги чинат возачи на  мотоцикли.

Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните  прекршоци  што ги чинат возачи на моторцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , шест мотоцикли се одземени привремено под сомнение за техничка неисправност за утврдување на бучава , за два од мотоциклите постои сомнеж за сторен царински прекршок, откриени се  пет прекршоци сторени од возачи на моторцикли и тоа: управување без возачка дозвола, измината важност на сообраќајна дозвола, изгубена или оштетена регистарска табличка, неносење на возачка дозвола и управување без заштитен шлем (кацига).

Во однос на погоренаведените прекршоци издадени се четири платни налози за наплата на глоба и еден мандатен платен налог за наплата на глоба, а дополнително се откриени  уште десет останати прекршоци, за шест од нив издадени се мандатни платни налози за наплата на глоба, а за четири прекршочни платни налози за наплата на глоба.