Македонија
4. April 2021 - 16:09

Полицијата затекна 10 лица во угостителски објект кој работел по дозволеното време

На 03.04.2021 во 22,40 часот во угостителски објект во с.Сараќино од полициски службеници од СВР Тетово била извршена контрола и при тоа во објектот сопственост на М.З.(43) од Тетово биле затекнати 10 лица, кои биле приведени во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РМ. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.