Македонија
19. February 2019 - 18:59

Полицијата засилено контролира по гостиварските сообраќајници

Во изминатите три дена, (16-ти, 17-ти и 18 февруари) на поширокото гостиварско подрачје спроведени се засилени сообраќајно-контролни активности за брзина, во кои биле откриени 21 прекршок со пречекорување на дозволената брзина.
 
Според СВР Тетово, 18 од нив биле констатирани надвор, а три во населено место. Најмногу од нив (17) биле пречекорувања на брзината за 30 до 50 километри на час.
 
За сите пречекорувања се издадени 14 мандатни, шест прекршочни платни налози и една писмена опомена.
 
Во овој период, исто така, реализирана е и контрола на техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, со која вкупно биле опфатени 12 возила.
 
По извршениот технички преглед, кај три од возилата е откриена неисправност на уредите за запирање (сопирачки), веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се платни налози и барања за поведување прекршочна постапка.
 
Ваквите контролни активности ќе продолжат и во наредните денови, со цел навреме да се откријат, санкционираат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила.