Македонија
13. February 2018 - 12:48

Полицијата запрела БМВ и во него пронашла дрога - сопственикот им приредил драма

Сообраќајната полиција при рутински преглед пронашле наркотична дрога во возило марка БМВ, сопственикот на автомобилот почнал да се спротуставува на полицијата, по што веднаш бил приведен. 

-  На 12.02.2018 година околу 22:15 часот, полициски службеници од Полициска станица Гостивар, на ул. „Никола Тесла“ во Гостивар запреле патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С. (22) од Гостивар, а како сопатници се наоѓале и А.Д (21) од с.Долна Бањица и А.С. (23) од Гостивар. При преглед на возилото, зад совозачкото седиште била пронајдена наркотична дрога марихуана. При прегледот, А.С. (23) им се спротивставувал на полициските службеници и одбивал да влезе во службеното возило. Тој се обидел да избега и му ја скинал кошулата на еден од полициските службеници, при што му нанел и повреда на левата дланка. Тројцата биле приведени и задржани во Полициската станица Гостивар, стои во соопштението на полицијата. 

По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени содоветни поднесоци.