Македонија
2. November 2018 - 11:12

Полицијата запре возило кај тетовско Пирок, уапсен совозачот

Вчера во 21.25 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полициски службеници од СВР Тетово запреле патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(24) од село Порој, тетовско, а како совозач бил Ф.Л.(28) од Тетово.

При преглед на возилото и лицата, кај Ф.Л. била пронајдена марихуана која била одземена и дадена на вештачење.

Ф.Л. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.