Македонија
5. March 2020 - 15:06

Полицијата запре полно комбе со мигранти - апсење кај Радовиш

Денеска во 08.50 часот на регионалниот пат Струмица –Радовиш, кај клучка Радовиш, полициски службеници запреле товарно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Скопје. При преглед на возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица – мигранти. Д.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава