Македонија
20. February 2021 - 13:03

Полицијата заплени оружје и дрога во битолско, двајца приведени

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес  во  дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско.

При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.