Македонија
16. July 2020 - 16:23

Полицијата заплени кокаин кај наплатната рампа Миладиновци

Денес полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност на наплатна станица Миладиновци извршиле преглед на патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В.(46) од Струмица, а со живеалиште во с.Костурино, струмичко. При прегледот, во возилото бил пронајден кокаин. Т.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.