Македонија
19. May 2019 - 17:17

Полицијата за пет часа казни 12 моторџии

При зајакнати акциски контроли на полицијата, вчера од 14 до 19 часот полициските службеници откриле 12 прекршоци. Еден за управување мотоцикл без возачка дозвола, два со- измината важност на сообраќајна дозвола, три за управување со несоодветна категорија и шест за управување без заштитен шлем (кацига).

Контролите се спроведени од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи, а за прекршоците издадени се 12 прекршочни платни налози.

Од МВР информираат дека дополнително се откриени уште 97 останати прекршоци и за 62 од нив издадени се мандатни платни налози и за 35 прекршочни платни налози.