Македонија
15. April 2018 - 19:03

Полицијата во струмичко почна кампања за безбеден сообраќај во лето

Подобрените временски улови ја зголемија и фрекфенцијата на патиштата.  Запрежни коли, трактори, велосипеди, мопеди, мотори се почесто може да се сретнат како на локалните и регионалните патишта, така и во централните  градски, но и селски  подрачја. Како ќе наближува летниот период така се очекува да расте и интензитетот на сообраќајот. Со цел превентивно да се делува и да се избегнат несакани последици  струмичката полиција започна со преветивно едукативна акција. Од таму апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, посебно велосипедистите и мотоциклистите да носат заштитна опрема, а земјоделската механизација во вечерните часови да е осветлена.

,, Апелираме да се придржуваат спрема сообраќајните правила и прописи и да ги управуваат возилата во сообраќај на пат доколку се имаат стекнато со право на управување. Ќе напомене дека доколку во сообраќај на пат се затекне велосипед со мотор, мопед  или мотоцикл и доколку во сообраќај на пат го управуваат и бидат сопрени истите можат да бидат казнети со парична казна од 50 евра во денарска противвредност.,, вели  Тони Божинов самостоен инспектор за превенција по сообраќајни работи 

Од СВР Струмица информираат дека во следниот период ќе бидат преземени зајакнати мерки  и активности и контрола на сите видови возила и доколку се констатираат неисправности и непочитување на пропишаните прописи ќе има санкции. Минатата година на подрачјето на СВР Струмица се регистрирани близу 9500 сообраќајни прекрошци.