Полицијата во Словенија истражува корупција во здравството
Истражувачи на Националното истражувачко биро на Словенија (НБИ) вчера извршија претреси во домови во повеќе словенечки градови, поврзани со пријави за корупција во здравството при набавка на медицинска опрема и материјали.
Полицијата соопшти дека под сомнеж се десет физички лица и две компании, чии деловни и приватни простории се наоѓаат на подрачјето на Љубљана, Марибор, Крањ, Ново Место и Целје, јави словенечката агенција СТА.
Во истагата учествуваат 55 истражувачи.
- За време на претресот, барани се докази за нелегално прифаќање или давање подароци, соопшти полицијата, наведувајќи дека истрагата се уште трае.
Постои сомневање дека имотната корист со која се стекнале осомничените со сторените кривични дела изнесува повеќе од сто илјади евра.
Медиумите наведуваат дека истрагата била концентрирана на набавка на медицинска опрема за некои болници по високи цени, при што посебно се истакнува набавката на венски стентови за кардиолошки операции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните