Полицијата во Швајцарија со гумени куршуми и солзавец растеруваше демонстранти
Швајцарската полиција доцна синоќа употреби гумени куршуми и солзавец за да растера стотици демонстранти против рестриктивните мерки за борба против коронавирусот во североисточниот град Сент Гален.
Полицијата прво соопшти дека врз нејзините припадници се фрлале предмети и оти биле „принудени да користат гумени куршуми во самоодбрана“, а подоцна вечерта соопшти дека кон полицијата биле фрлени молотови коктели и други запалени предмети, поради што користела солзавец.
Полициските службеници ги повикаа демонстрантите да не ја напаѓаат полицијата и да не го оштетуваат имотот, а набљудувачите да се разотидат, пренесува Индекс.хр.
Според весникот Тагблат, околу 1.000 луѓе излегле на улиците на Сент Гален, град со околу 75.000 жители.
Зголемениот број на новозаразени со коронавирусот ја принуди швајцарската Влада да се откаже од олеснување на рестриктивните мерки.
Земјата со околу 8,6 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрира повеќе од 600.000 случаи на Ковид-19, а повеќе од 9.600 луѓе починаа.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто