Балкан
14. April 2016 - 12:04

Полицијата во потрага по докази за свирепото убиство на Јелена

Белградската полиција го исушува каналот во кој е пронајдено телото на брутално убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ во потрага по уште материјално докази во врска со случајот, а можеби и предметот со кој е убиена, дознава српски Курир.

Полицијата одлуката за овој начин на проѓирување на истрагата ја донесе пред 2-3 дена, а како ќе спроведе, зависи од временскиот прилики, дождот.

Полицијата и форензичките стручљаци секојдневно го пребаруваат подрачјето кај насипот во борчанската населба Црвенја, движејќи се низ густата вегетација, во потрага по нои докази кои би укажале на убиецот и би го расветлиле овој исклучително тежок случај.

Да потсетиме, полициајта засега не отфрлува ниту една можност - дека Јелена е убиена на местото каде е најдена, како и дека е убиена на друго место, а телото само е фрлено во каналот кај насипот.