Полицијата во Париз со водени топови кон пожарникарите кои протестираа
Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз незадоволни од условите за работа.
Пожарникарите се обиделе да се искачат на железната ограда околу долниот дом на францускиот парламент, а врз нив бил употребен солзавец, пренесува Ројтерс.
Демонстрантите потоа се преселија во источниот дел на Париз, каде се судрија со полицијата која повторно употреби солзавец.
Илјадници пожарникари се собраа во Париз на протест, изразувајќи незадоволство од ниските плати и тешките услови за работа.
Пожарникарите рекоа дека сакаат да знаат дали имаат поддршка од Владата.
Протестот на пожарникарите се одвива по слични полициски демонстрации на улиците во Париз.
На протестот се собраа пожарникарите од целата земја.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море