Македонија
19. November 2017 - 16:22

Полицијата во ноќна акција низ Македонија

Кафеани во кои не се издаваат фискални сметки, гости кои во себе носат дрога, танчерки без регулиран престој.

Вака работат угостителските објекти во Тетово и Гостивар. Синоќа полицијата се обиде да воведе ред во нивната работа.

По претходно добиени сознанија спровела голема акција за спречување на непочитувањето законски прописи.

Специјалци, униформирани полицајци, инспектори на УЈП цела ноќ правеле увид во работата на вкупно 31 угостителски објект на запад од државата.

По извршениот увид се затворени вкупно 19 кафеани и и дискотеки во кои не се издавале фискални сметки а дел ниту поседувале дозволи за работа..

-За време на спроведувањето на акциската контрола приведени се вкупно 26 лица, од кои 16 македонски државјани поради поседување на наркотична дрога и непоседување на документи зал ична идентификација и десет странски државјанки на Србија и една на Црна Гора поради злоупотреба на туристички престој во Македонија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, вели Лазо Велковски, Директор на бирото за јавна безбедност.

Освен во подрачејто на СВР Тетово, акција за проверка на работата на угостителските објекти полицијата спровела и во битолско. Таму не се откриени неправилности.. Од МВР објаснуваат дека во контролите не е користена прекумерна сила. Специјалците интервенирале само во локалите каде имало опасност по безбедноста на инспекторите.

Инаку со синоќешната акција биле опфатени и градовите Велес, Кавадарци, Неготино. Овде се истражувало колкумина од возачите управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Биле проверени 230 возачи а за 29 било утврдено дека се пијани.