Свет
28. January 2023 - 12:17

Полицијата во Израел приведе 42 лица по убиството пред синагога во Ерусалим

Четириесет и две лица се приведени на сослушување по вчерашниот напад во близина на синагога во источен Ерусалим, соопшти израелската полиција.

„Полицијата уапси 42 осомничени за распит, од кои некои се од семејството на терористот“, се наведува во соопштението на полицијата.

Вчера, Палестинец застрела седум лица во близина на синагога во источен Ерусалим за време на шабатската молитва. Напаѓачот е убиен.