Свет
21. December 2016 - 17:26

Полицијата во Германија надгледува 549 потенцијално опасни исламисти

Германските безбедносни власти проценуваат дека во таа држава има 549 исламисти кои се потенцијално опасни.

Министерството за внатрешни работи уште во ноември соопшти дека во Германија има околу 530 луѓе за кои полицијата смета дека се подготвени да извршат терористички напад.

И новиот осомничени за нападот на божиќниот пазар во Берлин, Тунижанецот Анис А. по кого е распишана потерница е меѓу лицата кои полицијата ги надгледува.