Свет
18. September 2018 - 15:03

Полицијата во акција: Арогантниот син на рускиот тајкун уби порно актерка со 100 удари, ова не е негово прво злосторство

Полицијата трага по синот на рускиот тајкун кој наводно претепал порно-ѕвезда и ја убил, а нападнал и 4 други проститутки.

Андреј Деменков (32) со повеќе од 100 удари со тап предмет ја уби Олга Кудрова (21), инаку мајка на едно дете.

Златното момче - чиј татко е богат бизнисмен - исто така наводно се обидел да ја удави несреќната жена во бањата.

Полицијата наведува дека жената работела како деловна придружба и порно - актерка, но пред да оди кај Деменков, на роднините им рекла дека оди да се види со човекот што го сака.

Во јули наводно киднапирал и сериозно претепал 32-годишна жена во станот во Санкт Петербург каде Кудрова е пронајдена мртва.

Негови жртви биле и уште 4 сексуални работнички кои исто така ги нападнал и на кои им нанел серизони повреди, потврди полицијата.

Деменков претходно беше осуден за киднапирање на жената на својот пријател која четири дена ја мачел, пред таа да му побегне и да ги алармира полицајците.

Тој е осуден на условна казна поради тоа што изразил „каење“ поради нападот на судот.

Полицијата, која осомничениот го нарече „Русобрадестиот“, предупредила дека Деменков претставува опасност за жените. Прекарот потекнува од француската легенда за богатиот Русобрадестиот кој убивал жени и ги криел нивните тела во соба во својот замок.

Таткото на осомничениот, Валериј Деменков (69)  е поранешен полицаец, а денеска богат руски тајкун. Токму тој го пронашол телото на Олга Кудрова во бањата на станот на својот син, откако отишол кај него, зошто Андреј не му се јавувал по телефон. Валериј повикал итна помош, но Олга тогаш била мртва.

Полицијата вели дека осомничениот е во бегство и дека во тек е потрага по него.