Македонија
14. January 2021 - 16:59

Полицијата внимава на Вевчани, вевчанци незадоволни од интервенцијата

Вевчанци разочарани од вчерашниот инцидент во кој дојде до судир меѓу полицијата и василичарите. Градоначалникот Јанкоски вели дека општината нема никаква одговорност, ниту моќ да ги спречат василичарите, а пренагласеното присуство на полицијата предизвикало револт и тензии кај граѓаните и упати апел, Свети Василиј да не се користи за политички препукувања.

Вевчанци велат дека инцидентот го предизвикале бројните специјалци, кои со комбиња и сирени го растурале  карневалот

Бетоски кој 40 години е василичар тврди дека за време на карневалот низ годините имало најразлични провокации и ситуции, но она  вчера вели е срам за сите.

При централното дефиле кое вчера и покрај пандемијата се одржа без најава и организација дојде и до навреди пцовки и турканици.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски истакна дека Заев вчера удри врз народот, растури карневал заради исмевање на неговите политики.

Од МВР велат  дека работат на расчистување на случајот преку анализа на снимките од настанот во координација со јавното обвинителство, но сеуште немаат информации против колку лица и какви пријави ќе бидат поднесени.