Македонија
18. November 2016 - 14:32

Полицијата влезе во куќа во Штип - еве што откри

Полицијата во полициска акција откри куќа полна со дрога во Штип. Во 08 часот и 45 минути, по наредба од Судија за претходна постапка, полициски службеници  извршиле претрес во куќа  во Штип каде како потстанар живеел  36-годишниот Т.П. со неговата 28-годишна девојка С.У. од Тетово.

Полицијата информира дека пронајдена е поголема количина на хероин, марихуана и екстази. Дрогата била одземена и доставена за вештачење.

Лицата се приведени во полиција во Штип за понатамошна постапка.