Живот
15. September 2019 - 21:20

Полицијата влезе во домот на лекар по неговата смрт: Сопственикот на клиника за абортуси чувал нешто ужасно

Остатоци од над 2000 фетуси се пронајдени во домот на американски лекар од Илиноис по неговата смрт, објави локалната полиција.

Семејството на д-р Улрик Клопфер ги откри остатоците кога по неговата смрт на 3. септември влегла во неговиот дом.

Д-р Клопфер имал клиника во Саут Бенд во Индијана, која е затворена откако му била одземена лиценцата во 2016 година. Бил обвинет дека на властите не пријавил абортус изведен кај 13-годишно девојче.

Лекарот рекол дека не изгубил пациентка во 43 години колку што вршел абортуси.

„Жените забременуваат, мажите не“, рече доктор Клопфер на сослушувањето, пренесува Њујорк Тајмс. „Мора да ја почитуваме одлуката за која жените мислат дека е најдобра за нив. Не е моја задача да диктирам некому. Ниту да му судам“, рече тој.

Властите открија вкупно 2246 фетуси кои ги презеде патолог, а истрагата е во тек.