Свет
16. January 2018 - 9:54

Полицијата влегла во стан на педофил: Тоа што го виделе таму ќе го паметат додека се живи

Во јавноста беше објавена снимка од апсењето на педофилот Дејвид Тимоти Декин (53), која открива во какви услови живее монструмот кој злоставувањето го емитувал во живо преку Интернет.
 
На 20 април во неговиот дом на Филипините, Дејвид ги видел луѓето во униформа како тропаат на неговата врата и веднаш на Гугл ја пребарал кратенката NBI. Тоа биле луѓе од државната комисија за истраги, пишуваат светските медиуми.
 
Тие нашле детска долна облека, чевли, камери, лисици, кристални метамфетамински цевки и цела „продавница“ за дискови со снимки од злоупотреба на деца.
 
Оваа акција се смета за најголема заплена на такви содржини во историјата на Филипините.
 
Апсењето на Дејвид, кој по потекло е Американец, е само една од низата акции за борба против релативно нова форма на криминал, сексуален туризам преку веб камера.
 
Инспекторите ги откриваат најтемните делови на Интернетот во кои педофилите од САД, Европа и остатокот од светот им плаќаат на граѓаните на Филипините за емитување сексуална злоупотреба на деца, па дури и мали бебиња.
 
Најмладата преживеана жртва на Филипините пред неколку недели била двемесечно бебе.