Македонија
14. August 2019 - 11:10

Полицијата вчера во Скопје казни 62 возачи и 50 пешаци

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се 50 пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 62 мандатни платни налози.