-->
-->
Полицијата вчера казни над 170 возачи во Скопје - 18 од нив возеле без возачка дозвола
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...
Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората