Македонија
10. јуни 2019 - 10:12

Полицијата упадна во семеен дом во Куманово - еве што пронајде

Македонската полција тресеше семеен дом во Куманово. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.М.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.06.2019 година во Куманово, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај Т.М., при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини.