Македонија
8. April 2019 - 15:57

Полицијата упадна во куќа во Крива Паланка - еве што пронајдоа таму

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.04.2019 во Крива Паланка полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле револвер „GASSER MOD.1873“ калибар 11 мм, 10 куршуми калибар 9 мм Para, 31 куршум за пневматски пиштол, пневматски пиштол „EKOL Firat Compakt“ калибар 9 мм и пиротехнички средства.