Македонија
20. September 2018 - 14:49

Полицијата улови мигранти на македонските патишта - возачите се дале во бегство

Над 20 мигранти фатени  на македонските патишта, возачите кои ги пренесувале избегале, полицијата трага по нив.
 
Според информациите на полицијата вчера  околу 21.30 часот во с.Водоча, струмичко, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки.
 
Веднаш по запирањето на возилата, возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак (10 во ПМВ Пасат, а 11 во ПМВ Ауди).
 
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.