Македонија
31. December 2020 - 11:48

Полицијата уапси неколку дилери на дрога во Скопје и Тетово

На 30.12.2020 околу 19.30 часот на ул.„Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(27) од Тетово, затоа што кај него бил пронајден кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.12.2020 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба привеле 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.12.2020 околу 17.30 часот во близина на Градскиот стадион во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.А.(21) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.