Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана
На 23.01.2021 во 03.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Г.(26) од с.Башино село и С.Ѓ.(20) од Велес затоа што при преглед кај нив и во возилото „пежо“ во велешки регистарски ознаки, во кое биле, била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.01.2021 во 20.30 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(30) и Е.А.(37), двајцата од Прилеп затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.01.2021 во 21.25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.М.(26) од Охрид затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот