Македонија
16. September 2020 - 11:59

Полицијата уапси лица кои поседувале марихуана

Вчера во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на регионалниот пат Скопје-Велес го лишиле од слобода Д.Д. (27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На наплатната станица Желино, вчера околу 15:20 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(34) од Тетово, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера околу 19.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од тетовска Мала Речица и М.С.(21) од Скопје, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговите куќа и стан во Мала Речица и на ул.„Илинденска“ во Тетово биле пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер ќесиња. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.