Македонија
25. March 2023 - 9:35

Полицијата уапси криминалец баран со потерница за казна затвор од две години

На 24.03.2023 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек за потрага по цел во скопската населба Кисела Вода  го лишиле од слобода И. К. (45)  баран со потерница по Наредба од Основен суд Охрид.

Тој бил баран за издржување на казна затвор од две години за кривично дело казниво по член 279 ст.2 в.в. со ст.1 од КЗ на РСМ.