Македонија
13. јуни 2021 - 11:10

Полицијата уапси две лица од Скопје кои поседувале марихуана

На 12.06.2021 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар ја лишиле од слобода Г.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа билe пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.