Македонија
22. September 2020 - 16:19

Полицијата уапси дилери на дрога во Охрид и Струга

На 22.09.2020 во 02.40 часот во СВР Охрид биле приведени С.С.(19), А.Ѓ.(19) и А.В.(20), сите од Охрид, затоа што при преглед кај нив во патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2020 во 18.30 часот во ОВР Струга бил приведен Д.О.(64) од Струга, затоа што при преглед кај него извршен на ул.„Ристо Крле“, полициски службеници пронашле и одзеле кокаин. При извршен претрес во неговиот дом, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.