Македонија
22. May 2020 - 9:53

Полицијата уапси дилери на дрога во Куманово и Тетово

Вчера во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(21) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.05.2020 во 21.30 часот во Тетово, за време на забрана за движење, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(56) од с.Теарце, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.