Полицијата уапси дилери на дрога
Вчера во 21.00 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар бил приведен В.Н.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на
случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.11.2020 во 19.30 часот полициски службеници од ОВР Кочани, во близина на градскиот плоштад во Кочани, ја лишиле од слобода Т.З.(20) од с.Зрновци, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Се работи на комплетирање на случајот по што против Т.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера на пладне околу 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(26), од гостиварско Врапчиште, бидејќи при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом билe пронајдени марихуана и гасен пиштол калибар 9 милиметри со куршум. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје
-
Уапсени тројца дилери од Скопје
-
Велешанец уапсен при кражба во Прилеп
-
Тешка сообраќајка во Прилеп, повредени три лица
-
Голомразица на патиштата во гевгелиско, интервенирано со сол и песок
-
Во Скопје санкционирани 213 возачи, 23 за возење без возачка дозвола
-
МВР изрече 306 казни за неносење маска
-
Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време и внатре имало 29 гости