Македонија
2. September 2020 - 16:30

Полицијата уапси дилери на дрога

Вчера околу 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61), двајцата од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин. Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 01.09.2020 во 22.45 часот во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.С.(38) и С.А.(47), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ф.С., била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.