Македонија
9. November 2017 - 12:58

Полицијата уапси бегалец од Идризово кој од лани до сега извршил десет кривични дела

Овластени службени лица од СВР Куманово во соработка со Централните полициски служби од МВР, вчера во 17.50 го уапсија 39-годишниот О.М. кој е баран со потерница од КПУ Идризово, соопшти денеска СВР Куманово. 

До моментот на лишување од слобода, тој на подрачјето на Куманово, извршил десет кривични дела, шест разбојништва, три тешки кражби и едно одземање на моторни возила, информираа од кумановската полиција.

О.М . е осуден на 20 години затворска казна за убиство и неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори, односно за сторени кривични дела по член 123 и по член 215 од Кривичниот законик.

Тој со употреба на сила и сериозна закана, побегнал од затворот на 16 декември минатата година.