Македонија
5. јуни 2023 - 11:56

Полицијата уапси 37 годишен тетовец - во неговото „бмв“ пронашла хероин

На 04.06.2023 во 21.55 часот на  улица „Илинденска“ во Тетово,  полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(37) од Тетово затоа што кај него и во неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден хероин.

Тој бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.