Македонија
22. May 2019 - 12:08

Полицијата тресеше стан во Неготино - пронајде дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Т. Т. (28) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.12.2018 година во Неготино полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.