Македонија
27. December 2018 - 10:30

Полицијата тресеше семејна куќа во Охрид - пронајдени над 7.000 петарди и ракети

Полицијата пронајде над 7.000 пиротехнички средства во домот на 31-годишно лице од Охрид.

Како што соопшти МВР, при претрес во домот на лицето со иницијали А.С. на улицата „Ристо Чадо“ биле пронајдени и одземени околу 7.435 парчиња нелегални пиротехнички средства. Меѓу нив имало пиротехнички ракети, како и петарди од различни производители.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.