Македонија
17. May 2019 - 11:46

Полицијата тресеше „Опел корса“ кај Тетово - две лица лишени од слобода

На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Горно Седларце и Синичане, синоќа околу 22.10 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(31) од Голема Речица, во кое се наоѓал и Т.Х.(38) од Тетово.

При нивен преглед била пронајдена марихуана. која Т.Х. се обидел да ја фрли. МВР денеска соопшти дека тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.