Полицијата тресеше низ локалите во земјава - фатени на дело танчерки како играат на маса
Македонската полиција упадна во угостителски објект во Тетово, таму пронајде три странски државјанки. Според информациите на МВР. вчера во времето од 23:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.
При контролата во објектот биле затекнати седум женски лица, три странски државјанки (од Србија, Хрватска и Албанија) и четири државјанки на Македонија. Странските државјанки биле приведени во полициска станица и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија - Тетово за натамошна постапка. Во објектот, исто така, биле затекнати и четири албански државјани кои непријавено престојувале на подрачјето на Тетово и биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија - Тетово за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно