Македонија
21. July 2018 - 13:41

Полицијата тресеше низ локалите во земјава - фатени на дело танчерки како играат на маса

 - На 20/21.07.2018 година во времето од 22 до 4 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена акциска контрола во пет угостителски објекти, од кои двa на подрачјето на Тетово и три на подрачјето на Гостивар, каде биле затекнати девет странски државјанки (Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина) и 24 државјанки на Република Македонија, кои работеле како танчерки. Истите биле приведени и задржани во полициска станица за поматамошна постапка.