Живот
26. April 2016 - 20:17

Полицијата трага по возачот кој намерно ги прска луѓето!

За него велат дека често седи во својот автомобил и кога врне дожд во Северен Лондон бара луѓе на улиците кои ќе ги испрска.

Сведоците тврдат дека возчот безброј пати во последните неколку месеци поминува брзо и блиску до тротоарите за да ги прска минувачите. Полицијата е упатена за неговиот безобразлук но не можеле да го пронајдат бидејќи немале број од неговите регистарски таблички.

Меѓутоа, тој од неодамна е снимен и сега неговите таблици се познати, а полицијата открила дека тоа возило не е ни регистрирано ниту осигурано. На него му се заканува апсење поради немање на возачка дозвола.

Манијакот е снимен од страна на поранешна репортерка за Лондонски медиуми таа изјавила дека возачот ги испрскал луѓето на автобуската станица, каде била и една безпомошна баба.