Македонија
26. September 2021 - 16:45

Полицијата трага по рибар кој исчезнал во езерото Козјак

Полицијата во потрага по рибар кој исчезнал во езерото Козјак.

- На 25.09.2021 во 17.40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пријавил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, чамецот се превртел. Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.