Македонија
3. May 2021 - 16:37

Полицијата со зголемен обем на работа за време на празничниот викенд

Сообраќајната полиција со најмногу работа за продолжениот викенд. Најголем дел од казните биле за брзо возење. Од над 1.000 санкции околу 700-тини службениците напишале токму за овие несовесни возачи. Од МВР велат дека за време на плодолжениот викенд дури се организирале и диви трки по автопатиштата.

Алкохолот не остана заборавен ниту за во овие пандемиски услови. Сепак, оваа година помал бил бројот на возачи во алкохолизирана состојба.

Од МВР велат дека за три дена 163 лица го прекршиле полицискиот час.